Фон дер Лајен вети две милијарди евра помош за дронови за Украина
Европската Унија ќе додели две милијарди евра за набавка на беспилотни летала за Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Оваа најава го претставува најконкретниот чекор досега од страна на ЕУ за зајакнување на способностите на Украина за борба со дронови.
Во разговор со новинарите, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Фон дер Лајен истакна дека ова ќе ѝ овозможи на Украина да ги прошири и искористи целосно своите капацитети, а на ЕУ да има бенефит од оваа технологија, пренесе Политико. Руте и фон дер Лајен денес дискутираат за теми поврзани со одбраната и безбедноста на состанокот на Колеџот на комесари во Брисел.
Претседателката на Европската комисија, исто така, сака да отвори дебата за начините на финансирање на долгорочната поддршка за Украина. Таа предложи план за “кредит за репарација” заснован на руски средства замрзнати во ЕУ, пишува Политико. Кредитот, според неа, ќе се исплаќа во рати под одредени услови, а дел од него ќе биде наменет за воена набавка од европската индустрија. Овие коментари се во согласност со оние на германскиот канцелар Фридрих Мерц во колумна за „Фајненшл тајмс“ минатата недела.
Фон дер Лајен потенцираше дека клучот е “да нема запленување на средства” – Украина ќе го врати кредитот само доколку Русија плати репарации според иден повоен договор.
Руте ја поддржа и иницијативата на ЕУ за таканаречен “ѕид од дронови” по должината на источната граница на ЕУ. Тој изјави дека иницијативата е “навремена и неопходна”, додавајќи: “Не можеме да трошиме милиони евра или долари за ракети за уништување беспилотни летала што чинат само неколку илјади долари”.
Европскиот совет – лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе дискутираат за одбранбените планови и подготовките за заедничкиот “Патен план за подготвеност на НАТО и ЕУ 2030” на неформален самит во Копенхаген утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен вети две милијарди евра…
Европската Унија ќе додели две милијарди евра…
Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по…
Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт…
Советничката листа „За живот во Кочани“ претстави…
Независната советничка листа од Кочани, „За живот…
БУРУ го “размрда” Скопје
Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ…
Кривична пријава против малолетник од Скопје кој…
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе…