Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по ред, а Мицкоски ги лаже граѓаните дека сме шампиони во Европа

t

Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања и празни ветувања, ниту платите се покачија, ниту животот им е подобрен, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

„Граѓаните сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт со лага и празни ветувања. Имаме катастрофална состојба во економијата. Имаме трет месец поред намалување на платите во државата. Ова не се случило во времето на владеење на СДСМ“, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ иако има механизми не искористи ниту еден за да се стави под контрола покачувањето на цените, за да им помогне на граѓаните.

„Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави, затоа што тие најдобро знаат дали можат да сврзат крај со крај во текот на месецот. На сите механизми кои што владата ги има, зашто не ги користи, навистина не знам и навистина е тешко да се даде одговор“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…

Граѓани со часови се жалат за неподносливата…

Пожарот на косовската граница не се смирува,…

Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…

Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…

Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…