Фон дер Лајен во посета на Бугарија пред европските избори
Водечкиот кандидат на Европската народна партија (ЕПП) за европските избори, Урсула фон дер Лајен, оваа недела доаѓа во Бугарија, пренесе БГНЕС.
Во Пловдив, Урсула фон дер Лајен ќе учествува на специјалниот предизборен настан на ГЕРБ-СДС за да ја претстави евролистата на коалицијата. На настанот пристигна и претседателот на ЕПП, Манфред Вебер.
Предизборната манифестација ќе се одржи во Античкиот театар во Пловдив од 18 часот. На средбата за главните приоритети и политики на евролистата ГЕРБ-СДС како дел од семејството на ЕПП ќе зборува лидерот на евролистата ГЕРБ-СДС Росен Жељазков. Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер ќе имаат посебни обраќања до гласачите на ЕПП во Бугарија. Како своевиден домаќин на настанот, говор пред членовите и симпатизерите на партијата ќе има и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…