Објавено на:

Фон дер Лајен и Зеленски со ист став: Најважно е војната во Украина да запре

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пред утрешниот заеднички настап во Вашингтон и средбата што ќе ја имаат со Доналд Трамп.

Покрај Фон дер Лајен и Зеленски на средбата со Трамп ќе учествуваат францускиот и финскиот претседател, германскиот канцелар, британскиот премиер, и италијанската премиерка, како и генералниот секретар на НАТО.

На заедничката прес-конференција по средбата Фон дер Лајен и Зеленски беа прашани за ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето е непотребно и дека војната може да се запре со склучување мировен договор без прекин на огнот.

Трамп претходно рече дека „мировниот договор е поважен од примирјето“ и дека „примирјето не е потребно за да се запре војната“, на што Фон дер Лајен денеска одговори дека „како тоа ќе се нараче и не е важно“.

-Важно е каква ќе биде изведбата, а изведбата мора да биде за да се запре убивањето, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека „тоа е најважното нешто, без разлика дали го нарекувате примирје или мировен договор“.

Зеленски изјави дека Европа мора да остане обединета бидејќи само така ќе се постигне вистински мир.

-Путин има многу барања, но не ги знаеме сите, рече Зеленски, додавајќи дека ќе биде потребно време да се разгледаат, но дека е „невозможно да се направи тоа под притисок на оружје“.

Тој го повтори вчерашниот европски заеднички став дека е потребен трилатерален самит на Украина, Русија и САД, но дека „Русија не покажува знаци дека се согласува на такви разговори“.

-Доколку Русија одбие, тогаш мора да следат нови санкции, рече Зеленски.

Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на САД за нивната подготвеност да соработуваат со Европа за да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, но нагласи дека „сè уште нема детали за тоа како би функционирало тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Зеленски со ист…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Вучиќ: Нема да воведеме вонредна состојба, но…

Србија не размислува да воведе вонредна состојба…

Трамп: Голем напредок во врска со Русија…

Американскиот претседател Доналд Трамп обвини голем број…

(Видео) Власта ги казни 600 евра луѓето…

Вчера, 16 август, повторно се крена гласот…