Фон дер Лајен од Киев: Повеќе од кога било, цврсто стоиме покрај Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина.
Лајен во објава на платформата Х напиша дека Европската унија цврсто стои покрај Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.
„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воено, морално. Додека земјата конечно не е слободна“, изјави Фон дер Лајен.
По повод двегодишнината од војната, во Киев престојува и италијанскиот премиер Џорџа Мелони, која како претседавач на групата Г7 ќе одржи видео-конференција на Г7 на која ќе зборува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Анса.
Мелони пристигна во главниот град со истиот воз како претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, белгискиот премиер Александар Де Кроа, кој е ротирачки претседател на Советот на ЕУ и канадскиот премиер Џастин Трудо, а од безбедносни причини дури сега беше објавено дека пристигнале во Киев, наведува италијанската агенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…