Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во пристапниот процес на Србија, Албанија и Црна Гора

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен синоќа посочи дека за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ биле постигнати пресвртници кога станува збор за пристапниот процес на Србија, Албанија и Црна Гора.
На прес-конференција во Брисел, по состанокот на Европскиот совет, фон дер Лајен истакна бројни достигнувања за време на унгарското претседателство, кои, како што нагласи, „ја проширија Европа однадвор“.


„Оваа недела постигнавте пресвртници на пристапниот пат на Црна Гора, Албанија и Србија“, рече Фон дер Лајен, откако Црна Гора затвори три поглавја во преговорите со ЕУ оваа недела, Албанија отвори уште еден кластер, а Советот за општи работи на ЕУ одобри писмо поканувајќи ја Србија да ги достави своите преговарачки позиции за поглавјата 16 и 19, кои се дел од Кластерот 3 за конкурентност и инклузивен раст.
Фон дер Лајен истакна дека унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое е при крај, се одвивало во периодот на транзиција меѓу два политички циклуса, кој, нагласи таа, е секогаш предизвикувачки.


Помеѓу бројните достигнувања на унгарското претседателство, таа напомена дека поддршката за Украина е подобрена со усвојувањето на 15-тиот пакет санкции и постигнувањето на договорот на Г7 за кредитната рамка, а го посочи и постигнувањето на амбициозната декларација од Будимпешта.
„Сите ние се потпишавме за една цел, а тоа е конкурентна Европа. Декларацијата ја наведува домашната задача што треба да ја направиме за Европа да остане главна деловна дестинација“, рече Фон дер Лејен.
Таа потсети и дека за време на унгарското претседателство беше организиран „многу успешен“ самит на европската политичка заедница, како и дека е донесена „историска одлука“ за целосна интеграција на Романија и Бугарија во Шенген зоната, каде што таа нагласи, тие припаѓаат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…