Фон дер Лајен утре во Брисел ќе има работен ручек со лидерите на Западен Балкан

t

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утре во Брисел ќе одржи средба со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер, неодамна објави дека шестмина лидери од Западен Балкан биле поканети на работен ручек во Берлаимон, седиштето на ЕК, пренесува Танјуг.

Мамер не даде повеќе детали за планираната средба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера го претстави предлогот за новиот состав на Европската комисија за следните пет години.

Од македонската Влада информираа дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија – Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојуваат во работната посета на Брисел каде Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен утре во Брисел ќе…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Марта Кос, новинарката која пливаше за Југославија…

Европската комисија доби ново име за клучна…

Муртезани назначен за главен преговарач со Европската…

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на…

Фон дер Лајен треба да го претстави…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија и Косово водат на Балканот по…

Во првата половина од годинава граѓаните од…