„Форбс“: Новата руска летна офанзива ќе започне до јуни
Летната руска офанзива ќе се претвори во катастрофа за украинските вооружени сили доколку Киев не ја промени стратегијата, пишува „Форбс“.
„Руските сили во моментов планираат операции за нова офанзива, која најверојатно целосно ќе биде започната до јуни“, посочува весникот.
Според написот, вооружените сили на Русија ќе ги нападнат украинските енергетски објекти со ракети и беспилотни летала со цел да ја остават украинската армија без способност да развива и да испорачува беспилотни летала на фронтот. Покрај тоа, Русија сега ја зголемува големината на својата армија и ја опремува со нова напредна технологија.
За да преживее, Украина ќе мора да ја промени тактиката – да престане да се потпира на артилерија и да оди во дефанзива, фокусирајќи се на нападите на пешадија и оклопни возила, оценува авторот на статијата.
Претходно директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави дека Украина може да биде поразена во конфликтот со Русија до крајот на оваа година. Минатата недела врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, призна дека ситуацијата на бојното поле е влошена за Украина поради активните дејствија на Русија, која, според него, започнала со офанзивни операции во топло и суво време, постигнувајќи тактички успеси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Форбс: Роналдо е најплатен спортист во светот
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се најде на…
„Форбс“: Новата руска летна офанзива ќе започне…
Летната руска офанзива ќе се претвори во…
Пратеник од руската Дума зборува за голема…
Областите каде силите на Москва ќе ја…
Форбс ја именуваше добитничката на наградата „најмоќна…
Поддршката на Урсула фон дер Лајен за…
Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од…
Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините…