Објавено на:

Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од Бахмут

t

Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините трупи освоија село близу Бахмут, источниот град кој падна во рацете на Русите по неколкумсечните жестоки борби оваа пролет.

Руските трупи имаат огромни загуби во механизација и војници, ние успеавме да се утврдиме околу Бахмут, изјави генералштабот на украинската армија.

„Во текот на нападот на нашите сили го освоивме селото Андривка во регионот Донецк“, соопшти украинскиот генералштаб.

Селото Андривка се наоѓа на југот од Бахмут, каде се водеа најкрвавите борби годинава. „Имавме и делумен успех во Клишчивка“, објави генералштабот на Украина.

За време на контра-офанзивата, Украина покажа слаб и спор напредок против утврдените позиции на руската армија, заземајќи неколку села на фронтот. Иако пред почетокот на операциите во офанзивата најавуваа прекин на копнениот мост до Крим и освојување на стратешки важниот град Мелитопол, шансите за успех на офанзивата на Украина се намалуваат од ден за ден со доаѓањето на есента и почетокот на есенските дождови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…