(Фото+Видео) Оловен саркофаг откриен под Нотр Дам

t

Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 13. век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година.

– Во трансептот на катедралата – преграда поставена попречно на надолжните делови што го одвојуваат светилиштето од остатокот од црквата – откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет… Истражувањата продолжуваат од 25 март, изјави француската министерката за култура, Розелин Башело.

Кристоф Бесние од Националниот археолошки институт на Франција, објасни дека тоа го откриле со мала камера.

– Внатре таа детектира остатоци од ткаенина и органска материја, влакна и остатоци од растенија. Фактот што растенијата се сѐ уште таму, укажува дека содржината е многу добро сочувана, појасни тој.

Археолозите веруваат дека саркофагот веројатно припаѓал на некој висок големец и потекнува од 14 век, што доколку се потврди, би било спектакуларно откритие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…