(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по улиците, реа се шири низ целиот град

t

Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина – Вардарски и Југоисточен регион ќе изврши вонреден инспекциски надзор откако минатата недела од стара цистерна била излеана стара нафта во строгиот центар на Штип, зад „Намата“.

Иако цистерната некогаш била закопана под земја, како резервоар за гориво за загревање на некогашната стоковна куќа „Нама“, истекувањето на нафтата настанало за време на дислокацијата и на лице место се уште се чувствува јакиот мирис на улицата на која остатоците од горивото се покриени со песок.

„Нама“ одамна не е во функција, откако се приватизира некогаш државната компанија „Нова трговија“. Цистерната е пронајдена од изведувачот на катната гаража, кој е проект на општината Штип и било побарано решение од општинската администрација како да се постапува понатаму. Градежните работи беа во застој неколку дена. Денеска цистерната е откопана и според информации од општината, нафтата почнала да тече при транспорт на откопаната цистерна.

– Во текот на деновите 9 и 10 април веќе е комуницирана инспекциската служба од Општина Штип и останато лице од општината и се обезбедени почетни информации во врска со настанот, како и за изведбата и изведувачот на проектот на посочената локација – информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Се очекува инспекторите да утврдат дали и колкава е штетата по животната средина, како и дали е почитувана процедурата за транспорт на цистерната. Според законот, транспортот треба да се одвива во придружба, со сите запазени процедури. Излеаната нафта, исто така треба да биде предмет на инспекција. На терен, фреквентната улица каде што е излеана нафтата е покриена со песок, како абразивно средства за впивање на горивото. Комуналните служби потоа треба да го отстранат песокот.

Цистерната беше откриена во средината на март при изведување на градежните работи на паркиралиштето. На 19 март Општината Штип соопшти дека работите привремено се прекинати додека не се најде решение. На местото на сегашниот паркинг, се гради катна гаража за 27 возила.

Од локалниот огранок на СДСМ во Штип реагираа дека граѓаните трпат поради, како што велат тие, шверцерската работа на градоначалникот Јорданов кој без најава на сред ноќ решил да ја дислоцира цистерната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…