(Фото) Акција за чистење и уредување на кејот на Вардар на потег од општина Гази Баба и Аеродром до Ѓорче Петров
Град Скопје отпочна акција за чистење и уредување на кејот на Вардар на потег од општина Гази Баба и Аеродром до Ѓорче Петров. Акцијата здружено ја реализираат тимови од ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација и Лајка, информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Посветено работиме на зелените површини и местата за рекреација во градот, а воедно го најавуваме новиот проект за кејот на Вардар, со нови рекреативни содржини и подигнување нови зелени површини, садење нови дрвја со што делуваме кон почиста животна средина и создавање соодветно место за рекреација на жителите на град Скопје – напиша Арсовска на Фејсбук.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…