(Фото) Арсовска го зазеленува Скопје: Засадена последната група од 378 дрвја
Денес ја засадивме последната група од вкупно 378 дрвја, по должината на пешачката патека покрај кејот на реката Вардар, на потегот од мостот Обединети нации до мостот 8ми Септември. Овие дрвја значително ќе придонесат за раззеленување и разубавување на просторот и за поздрава животна средина, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Овие 378 дрвја се дел од акцијата на општествено одговорното претпријатие Стопанка банка кои обезбедија за акцијата на ЈП „Паркови и зеленило“ од 1.500 високи дрвја која продолжува да се реализира и во следниот период. Дрвјата ги засадија стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, а под надзор на стручни лица од Факултетот за шумарство и од Факултетот за земјоделство.

Посветено работиме на подигање и уредување мега паркови и зелени површини засадување нови дрвја, а особено е важна соработката со општествено одговорни претпријатија кои се грижат за средината и се поттик и за другите да отпочнат со слични проекти. – напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…