(Фото) Арсовска најави реконструкција на уште една улица во Драчево: Денеска завршува втората фаза од реконструкцијата на “Јустинијан I”

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска информираше дека завршува реализацијата на втората фаза од реконструкција на улицата “Јустинијан I” во Драчево.

– Град Скопје денес завршува со втора фаза на реконструкција на улицата Јустинијан I во населено место Драчево, општина Кисела Вода и тоа од улица Малешевска до улица Славка Динкова. Минатата недела се заврши првата фаза од мостот на Маркова река до улица Малешевска со што оваа улица е реконструирана во вкупна површина од 7000 м2 и должина од 1000 метри.

Во Драчево продолжуваме со реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова која е поврзана со Јустинијан I, и тоа во вкупна должина од 1.175 метри, а едновремено се врши за прв пат и изградба на атмосферска канализација.

#ЗаМодерноСкопје, напиша градоначалничката Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…