(Фото) Арсовска положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите: Се сеќаваме на хероите што нѐ ослободија од фашистичкиот окупатор

t

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, со делегација од Градот Скопје положивме цвеќе пред Споменикот на ослободителите, на платото пред Владата на Република Македонија.

На овој ден, пред 78 години,во моето Скопје, градот во кој живеам од моето раѓање, се потсетуваме на хероите коишто го ослободија од фашистичкиот окупатор.

Хероите кои биле малку на број, но со својата храброст и пожртвуваност извојувале победа врз фашистите. Долго очекуваниот напад за ослободување на главниот град на Македонија кај македонските борци предизвикал чувство на еуфорија и со нетрпение го очекувале нападот што почнал ноќта спроти 13 ноември 1944 година. Многу од нив како борци на 49. Дивизија, Третата ударна бригада, 12-та и 16-та Бригада ги оставиле своите млади животи за слободно Скопје во кое денес живееме.

На овој ден, кој е празникот на скопјани и сите оние што основаа свој дом во слободно Скопје, се потсетуваме и на обврската што ни ја оставија неговите ослободители да го чуваме и развиваме градот што е синоним за соживотот и солидарноста.

Градот растел, ги впивал и ги негувал различните обичаи на сите свои жители, а генерациите коишто се бореле за негово ослободување сонувале за слободно и сплотено Скопје во какво сакаме да живееме и ние, новите скопјани.

Денес секојдневно чекориме по плоштади, улици, булевари, нашите деца учат во училишта што ги носат имињата на хероите заслужни за слободата што ја живееме, но никогаш не треба да заборавиме дека таа слобода е платена со највисоката цена – човечки животи. Овие датуми се потсетник за сите нас дека треба вредно да работиме за да создадеме подобра иднина за генерациите после нас, да создадеме место каде што тие ќе сакаат да го градат својот живот, односно да создадеме модерно Скопје со кое сите ќе се гордееме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…