(Фото) Арсовска: Се реализира првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека се реализира првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков. Град Скопје ја реконструира оваа улица на површина од над 18.000 метри квадратни и должина од два километри, при што воедно се заменуваат оштетените рабници, а се врши и реконструкција на автобуските стојалишта.
По оваа улица секојдневно се движат тешки товарни возила, а нивното движење предизвикува големи оштетувања на коловозот. Барањето за реконструкција се истакнуваше како децениски проблем за повеќе од 10.000 граѓани од месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, а со реализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
#ЗаМодерноСкопје – напиша градоначалничката на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…