Објавено на:

(Фото) Бугарските медиуми го “ругаат” Таче: Македонскиот премиер се крие зад парламентот

t

Собранието ќе одлучи дали Република Македонија ќе ги започне преговорите за членство во Европската унија, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски по денешната средба во Скопје со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Ваквата вест наиде на осудување во бугарските медиуми.

Македонскиот премиер се крие зад парламентот се вели во насловот на бугарскиот медиум СЕГА.

На денешната владина седница не се разговараше за францускиот предлог и секој граѓанин на државата може да го види бидејќи е јавен.

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски изрази благодарност до Европската комисија за европскиот предлог за преговарачката рамка како основа за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Известете дека предлогот е координиран со заштитата на државните интереси во спорот со Бугарија. „Одговорно ги штитиме националните интереси дома и надвор. Наше е да го прифатиме овој предлог и нашите граѓани да живеат достоинствено, според европските стандарди. Она што го добивме со францускиот предлог и за кое се бориме со години е чиста формулација за македонскиот јазик. Ние Македонците се гордееме со нашата историја, нашиот јазик, нашиот идентитет. Никој нема да може да го асимилира македонскиот народ“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ под лупа на институциите, медиумите не…

Државната изборна комисија  на Хрватска соопшти дека…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Политички аналитичари: Израел падна од високо, Xамаc…

Политичкиот експерт Фахми Хуваиди рече дека прифаќањето…