(Фото) “Вашиот пат до вистината започнува овде”: Руското Министерство за одбрана го презема раководењето со телеграм каналот на Азов и упати предупредување до сите сопственици на “неонацистички” канали

t

На телеграм каналот на баталјонот Азов пред малку се пјавија две кратки и јасни пораки од новите администратори на каналот, вработени во руското Министерство за одбрана.

Новите администратори пишуваат дека каналот сега е под јурисдикција на Русија и се упатува апел до сите кои водат “неонацистички” канали да ги затворат за да не доживеат слична судбина.

“ВНИМАНИЕ!
Сега овој канал е под јурисдикција на руското Министерство за одбрана.
Поранешните сопственици се приведени и им се суди за бунт против Доњецката и Луганската народна република, како и за поттикнување насилство врз цивили и воен персонал на Руската Федерација. Тие беа вклучени и во насочени кампањи за вознемирување на цивили и поддржувачи на Руската Федерација.
Вашиот пат до вистината започнува овде.

И порака до сите други Украинци кои водат неонацистички канали: затворете го вашиот канал или ќе ја доживее истата судбина.
Не можете да го запрете процесот на денацификација. Ако ја цените вашата слобода, контактирајте со сите администратори на украинските нацистички канали и замолете ги да ги затворат нивните канали. ФСБ веќе долго време ги надгледува украинските канали за да ги филтрира лажните информации и да бара предавници, откако ќе ја одредиме нивната локација, тие ќе ја доживеат истата судбина.
За ваша сопствена безбедност, ако управувате со еден од овие канали, ве молиме исклучете го веднаш или соочете се со последиците.

П.С. Сите банкарски сметки поврзани со овој канал сега се пренасочени кон борците во Народна Република Донецк. Ако сакате да ги поддржите во нивната потрага по ослободување, ова е вашата шанса да го сторите тоа.” – напишаа новите администратори на каналот.

Пораките се напишани на англиски, руски и украински јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…

Тело на маж пронајдено во автомобил во…

Мртов маж бил пронајден во автомобил, кој…

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…

Турција ги врати командантите на Азов во…

Враќањето од Турција во Украина на командантите…