(Фото) Владина делегација му оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

t

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски положи свежо цвеќе по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

– Денеска положивме свежо цвеќе и оддадовме почит кон првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров.

Мудроста на претседателот Глигоров е нашиот патоказ и денес, и секогаш, и вечна ќе биде нашата благодарност кон него, како што е вечен споменот за него.

Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Верувам дека денес би бил горд затоа што Република Македонија успешно ја развиваме во тој правец. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ