Објавено на:

(Фото) Властите во Киев ги вратија златни крстови на куполите на катедралата Света Софија

t

Властите во Киев вратија уште два од седумте обновените златни крстови на врвот на куполите на киевската катедрала Света Софија која датира од 11 век.

Беа отстранети за да биде извршена реставрација. Последниот крст, на главната златна купола на катедралата, треба да биде отстранет следната недела. Се очекува да биде вратен на своето место во мај годинава.

Катедралата, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, се наоѓа во срцето на Киев.

Не претрпе голема штета од бомбардирањето на главниот град на Украина од страна на Русија од нејзината целосна инвазија на 24 февруари 2022 година, но повремено беше погодена од остатоци од експлозии.

Во септември, Комитетот за светско наследство на ОН ја стави катедралата на списокот на места за кои смета дека се во опасност.

Споменикот на византиската уметност ја содржи најголемата колекција на мозаици и фрески од тој период.

Опкружен е со манастирски градби кои датираат од 17 век.

Тоа е едно од главните туристички места во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија…

Нема долго чекање за издавање пасош во…

И покрај зголемениот број барања за лични…

Муцунски: Мора да има одговорност за ширење…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во…

Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при…

„Филипче на одмор на јахтата на Заев,…

„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми…