(Фото галерија) По две години пауза се одржува “Струмичкиот карневал”: Видете какви маски подготвија струмичани
Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна. По две години пауза Струмица повторно ја затресе карневалската треска. Потече реката од маски исполнета со милион различни бои и карневалски креации, а први настапија струмичките мажуретки кои добро ја затоплија многубројната публика на плоштадот „Гоце Делчев“ и низ улиците на градот.
Во дефилето на карневалските групи учествуваа дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција. Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите кореографии пред жирито и публиката. Темите беа најразлични-од љубов, музика, годишни времиња, пчели, Мексиканци, пеперутки, мачки и многу други кои под ритмот на музиката имаа волшебен сјај.
– Нашата маска е „Месец на љубовта“, бидејќи знаеме дека мачките се нежни, сакаат љубов, внимание и затоа и ние сакаме да има љубов, мир и внимание во целиот свет, рече учесничка во оваа маска.
– Со нашата маска „Пчелин рај“ сакаме да докажеме дека маските се многу важни во природата и за човекот и луѓето треба да внимаваат да не ги уништуваат, изјави друг учесник.
Во дефилето најбројни беа масовните маски од основните и средните училиште. ОУ „Сандо Масев“ од Струмица се претстави со четири годишни времиња.
– Маските ни беа подготвени од пред две години и сега малку ги обновивме и се надеваме дека пандемијата ќе заврши и ќе има нови карневали. Ќе гостуваме и ќе ни гостуваат карневали од земјава и странство, рече наставник од ова училиште.
Пред почетокот на главниот карневалски настан-тргнувањето на карневалската поворка, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, организираше прием за претставници од карневалските групи и гостите, на кој присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во државата, владини претставници и гости земјава и странство.
Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
БОЛЕСТ! Струмичанец осомничен за силување малолетник со…
Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица…
Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија, вдишал…
Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, вчера завршил на…
Избувна пожар во Струмица, повредени две лица
Денес во 10:56 часот на улица „Крушевска…
Во Струмица се одржа свечена литија со…
Во Струмица денеска се одржа свечена литија…