(Фото-галерија) Примопредавање на функцијата: Силјановска Давкова влезе во вилата „Водно“

t

Претседателката Гордана Силјановска Давкова пристигна во вилата „Водно“ каде што ја пречека сега веќе поранешниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Со тоа таа и официјално ја презеде функцијата која ќе ја извршува во следните пет години.

Погледнете го примопредавањето на функцијата низ објективот на Инфомакс:

Претседателот на Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности Претседателот ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање и со мандат од пет години.

Пред преземањето на должноста, новиот претседател дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите на државата.

Во продолжение сите надлежности:

  • Врачува мандат за состав на Влада
  • ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и специјалните пратеници на земјата во странство
  • Прима акредитивни и отповиковни писма на странските дипломатски претставници
  • Предлага двајца судии на Уставниот суд
  • Предлага двајца членови на Судскиот совет
  • Предлага Гувернер на Народната банка
  • Именува и разрешува директор на Агенцијата за разузнавање
  • Поставува и разрешува Началник на Генералштабот на Армијата
  • Именува тројца членови на Советот за безбедност
  • Именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон
  • Доделува одликувања и признанија во согласност со закон
  • Дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот

Претседателот потпишува и указ за прогласување на законите со претседателот на Собранието, но истиот може и да одлучи да не го потпише.

По тоа Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Тој е должен доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Исто така, најмалку еднаш годишно, Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…

Нова спасувачка акција на Водно

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…

Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…