Објавено на:

(Фото) Голем пожар во близина на Берлин: Евакуирано населението од неколку населби

t

Голем шумски пожар забрзано се шири во близина на Берлин, во близина на градот Тројенбрицен, поради што е евакуирано населението од неколку населени места.

Силниот ветер доведе до ширење и промена на правецот на пламените јазици кон понаселени места. Градската администрација на Тројенбрицен објави дека жителите на три области биле принудени да ги напуштат своите домови додека четворица се подготвувале да наредат еукација. Локалните власти во областа јужно од Берлин соопштија дека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот. „Погодената област е измерена со хеликоптер.

Во моментов околу 100 до 110 хектари се под оган. Пожарот се прошири во правец на исток и југоисток“, соопшти противпожарната служба Тројенбрицен. Пожарот избувна во петокот кога зафати околу 60 хектари шума, а во саботата беше намален на површина од 40 хектари и повторно избувна во текот на ноќта. Поранешниот воен полигон се наоѓа на подрачјето зафатено од пожарот, па пожарникарите не можат директно да пристапат до него поради опасноста од преостанатата муниција во земјата.

Поради тоа, пожарот се гаси пред се од воздух, со хеликоптери кои носат вода од блиското езеро. На лице место се и 35 пожарникари и возила на брза помош. Градот Тројенбрицен се наоѓа во областа Потсдам-Мителмарк, југозападно од Берлин. Градот има десетина населени места, а се простира на околу 200 квадратни километри и има околу 7.500 жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Омилената новинарка на Путин“: Ако ја нападнат…

Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“,…

Момче избодено во основно училиште во Берлин,…

Дванаесетгодишно момче е тешко повредено денеска при…

Запалена спортска обложувалница во Аеродром

Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…