(Фото) Експресна интервенција на Град Скопје: Мобилизирани сите надлежни екипи за расчистување на свлечиштето кај “Борис Трајковски”

t

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…