(Фото) Делегација на Град Скопје предводена од заменик градоначалникот Трајановски положи свежо свеќе пред споменикот “Ослободители”

t

Делегација од Град Скопје, предводена од Заменик Градоначалникот Александар Трајановски и Секретарот Зоран Глигоров, во чест на одбележувањето на државниот празник Денот на народното востание – 11-ти Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот Ослободители на Скопје на платото пред Владата на РМ. 11 Октомври, Денот на народното востание, ден кој е симбол на големата победа базирана на вредностите на слободата и човечкото достоинство.


Сенародна борба против фашистичкиот окупатор е пример за пркос и желбата да се опстои на вредностите во кои искрено се верува.


На овој ден , како и многупати претходно, ја потврдивме и означивме својата повеќевековна борба за самобитноста и самостојноста на Македонија. Прославувајќи го овој ден и сеќавајќи се на жртвите, ние со чест и благодарност се поклонуваме пред ваквата борба и пред олтарот на сите паднати борци за слободна и самостојна Македонија, и продолжуваме со нашите заложби и труд за продолжување на мисијата која значи постојано создавање на нови дела и вредности.


Со оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава.

Прославувајќи го 11 Октомври, оддаваме почит кон славното дело на нашата историја, но во исто време се инспирираме за успех, истрајност и лична жртва за напредокот и развојот на современа држава.

Нека ни е честит и вековит општонародниот празник 11 Октомври!
Нека ни е успешна и вечна Татковината! – велат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…