(Фото+Видео) Еве зошто требаше уште вчера да се затвори здружението Цар Борис во Охрид! Блажевски сликан со знамето на бугарските нацисти
Директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски пред неколку дена информираше дека здружението на Бугари „Цар Борис III“ од Охрид не ја поднело целосната потребна документација за промена на името во законски предвидениот рок што истече на 16-ти февруари.
Претходно од Централен регистар известија дека на 10-ти февруари ова здружение почнало процедура за усогласување со измените на Законот за здруженијата и фондациите, но директорката Бошковска Јанковски рече дека апликацијата е непрописно поднесена, а според неа, тоа е сторено за да се купи време.
И додека Томе Блажевски, претседателот на бугарски клуб во Македонија, „Цар Борис Трети“ си игра мајтап со целата држава на бугарските медиуми протекоа нови фотографии кои говорат за нацистичката идеологија на ова здружение и кои се уште еден аргумент плус за затворање и забрана на клубот.
Имено на страницата на Бугарскиот национален сојуз, бугарска нацистичка организација е објавена слика на Томе Блажевски со нацистичкото знаме на организацијата во друштво на нејзини претставници.

Бугарскиот национален сојуз (официјално регистриран како Бугарски национален сојуз – Еделвајс), скратено БНС „Еделвајс“, е крајнодесничарска организација во Бугарија со седиште во Софија, создадена во 2000 година од Бојан Расате, која се смета за идеолошки наследник на фашистичкиот Сојуз на бугарските национални легии (1932 – 1943), предводен од генерал Христо Луков.
БНС „Еделвајс“ е обвинет за фашистички и неонацистички ставови[. Организацијата се доживува себеси како продолжение на Сојузот на бугарските национални легии (СБНЛ) – ултранационалистичка профашистичка и пронацистичка организација во Бугарија, активна во 1932-1944 година и дефинирана како најмоќното фашистичко движење во бугарската историја.
Сојуз на бугарски национални легии (бугарски: Съюз на Българските Национални Легиони), сè до 1935 година, Сојузот на бугарските младински легии — ултранационалистичка, профашистичка, пронацистичка и крајно десничарска организација во Бугарија, која била активна помеѓу 1932 и 1944 година.

Организацијата имала идеологија, близу до фашизмот, вклучувајќи создавање тоталитарен еднопартиски режим, забрана на пазарната економија и целосна контрола од страна на државата врз економијата и општеството, антисемитизам и непријателство кон странците, антикомунизам итн. Демонстрирала сличност со италијанскиот фашизам и германскиот нацизам, од кои „позајмувала“ идеи, симболи, пароли.

Варијанта на гореспоменатото знаме на фашистичка организација кое потсетува на симболот на СС дивизијата е забележано во Скопје на панихидата за Мара Бунева oрганизирана токму од Бугарскиот национален сојуз.

Луковмарш е вечерна поворка со учесници од цела Европа, која се одржува во спомен на генерал Христо Луков.

Како водач на Сојузот на бугарските национални легии (СБНЛ), под силно влијание на националсоцијализмот и фашизмот, и одржувајќи блиски врски со националсоцијалистичкиот режим на Третиот Рајх, Луков е една од најмрачните личности во бугарската историја.

Различни невладини организации и заедници, истражувачи на овој период од историјата на земјата, бугарски и светски медиуми го дефинираат Луковмарш како неонацистичка манифестација, а нацистичкото скандирање на настанот не е ретко. Токму главен организатор на настанот е Бугарскиот национален сојуз со чие знаме е сликан претседателот на бугарскиот клубо во Охрид, Томе Блажевски.

Со истите нацистички симболи се фотографираше и Виктор Стојанов на роденот на Гоце Делчев, а фотографијата ја објави на социјалните мрежи.

Во суштина Македонија се соочува со два паралелни и еднакво опасни процеси на бугаризација и нацификација на македонската младина која преку овие „бугарски културни клубови“ во Македонија е изложена на опасната нацистичка идеологија.
Погледнете само како изгледа Луковиот марш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…