(Фото) Еве како изгледа опремата на пожарникарите кои се бореа со огнената стихија во Виница

t

Македонските херои спречија поголема хаварија не доволувајќи пожарот во Макпрогрес да стигне до резервоарите со плин во фабриката Макпрогрес. Во борбата со огнената стихија неофицијално се повредени околу 10тина пожарникари. Пожарникарите велат дека биле спасени од колегите, но и од брзата реакција на екипата на брзата помош од Виница.

Повредени пожарникари има од Штип, Кочани и Св. Николе дознава Инфомакс.

Пожарникарите како што дознаваме се заглавиле во стопениот шеќер од фабриката на Винчини.

Цела среќа што носеле соодветна опрема која најголем дел е донација од американската амбасада, велат пожарникарите.

Неофицијално повредени се и оние пожарникари кои се обидувале да ги извлечат нивните колеги.

До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини за гаснење на пожарот во фабирката „Мак Прогрес“, позната по брендот „Винчини“. Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. На терен има и полициски екипи како и амбулатни возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Еве како изгледа опремата на пожарникарите…

Македонските херои спречија поголема хаварија не доволувајќи…

(Фото) Најмалку четворица пожарникари се поврдени во…

Најмалку четворица пожарникари се повредени во огнената…

Уште колку ќе молчите за трагедијата во…

Родителите на младите кои трагично загинаа во…

Во Украина има 700.000 руски војници, еве…

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за…

(Видео) Протести во цела Србија по крвавата…

По синоќешното полициско насилство на кампусот на…