(Видео) Протести во цела Србија по крвавата ноќ во Нови Сад
По синоќешното полициско насилство на кампусот на Универзитетот во Нови Сад, денеска веќе се одржуваат протести во повеќе српски градови. Илјадници граѓани и студенти се собраа на улиците како одговор на, како што велат, бруталните акции на полицијата.
Од Центарот на протестите во Нови Сад се јавуваат пораки на отпор: „Ќе одговарате. Ќе одговарате. Ќе одговарате“. Студентите во блокада обвинија дека инцидентите биле инсценирани, а полициската интервенција однапред планирана. „Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси“, наведоа тие.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека 13 полицајци се повредени, а 42 лица се приведени. Полицијата и понатаму останува распоредена пред Ректоратот и Филозофскиот факултет. Деканите на неколку факултети на Универзитетот во Нови Сад пак побараа оставка од ректорот Дејан Мадиќ, наведувајќи дека токму на неговиот кампус полицијата извршила насилен упад врз мирни студенти. „Насилното однесување на неколку демонстранти не може да биде изговор за неселективна употреба на хемиски средства против илјадници граѓани,“ стои во нивната заедничка изјава. Ситуацијата доби и меѓународна димензија – групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент остро го осудија и полициското насилство и изјавите на претседателот Александар Вучиќ, кој европратениците ги нарече „олош“.
Valjevo trenutno !!! 💪🏻❤️
Za Novi Sad ! 🙏🏻
Repost – Marija Ognjenović pic.twitter.com/iyGq5BMyiv
— Shonetin (@kaonikotinn) September 6, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…