(Фото) Започнува Струмичкиот карневал, Костадинов го предаде клучот од градот: Горди на вековната традиција!

t

Со предавање на клучот од Струмица, денеска започнува Струмичкиот карневал.

Градоначалникот Костадин Костадинов на Фејсбук сподели фотографии од почетокот на манифестацијата.

– Горди на вековната традиција, посветени на сегашноста и заветни кон иднината, вечерва го започнавме најновото издание на Струмичкиот карневал!

Во свечена и уникатна карневалска атмосфера пред општинската зграда, со посебна чест и задоволство им го предадов клучот на градот на струмичките карневалисти на чело со претседателот на Организациониот одбор на струмичкиот карневал Александар Цицимов.

Чувајте ја нашата Струмица и бидете добри домаќини на сите граѓани, како и на гостите од земјата и странство.

Да живее карневалот и нека ни се со среќа струмичките карневалски празнувања! – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…