(Фото) Зеленски објави потресни фотографии од Киев: Ќе го изведеме пред лицето на правдата секој руски терорист!
Се чини дека сегашниот непријател во своето зло ги обединува сите досегашни непријатели на нашата државност. Дејствува подмолно – убива цивили, погодува станови, инфраструктура, напиша на Фејсбук украинскиот претседател Володимир Зеленски објавувајќи потресни фотографии од Киев.
– Денеска, како резултат на нападот на окупаторот врз станбена зграда во Киев, веќе загинаа 4 лица. Меѓу нив има и младо семејство кое очекувало дете. Операциите за пребарување и спасување се уште се во тек.
Теророт мора да изгуби и ќе изгуби, а Украина ќе надвладее. И ќе го изведе пред лицето на правдата секој руски терорист – од команданти до приватници кои извршувале криминални наредби, напиша Зеленски на Фејсбук.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…