(Фото) Знае ли премиерот дека се сретнал со човек со одземен безбедносен сертификат и кој САД го истражува за соработка со непријателски држави?!

Извори во Вашингтон потврдуваат дека на Ричард Гренел му било забрането да се приближи до претседателската инаугурација поради одземената безбедносна дозвола, пишува на „Х“ новинарот Вуди Џимшити.
Како што објаснува тој, ова следува по истражните извештаи на списанието FRONTLINER, Washington Post, ProPublica и Der Spiegel за наводните врски на Гренел со руски пари во Источна Европа. Отповикувањето на безбедносната дозвола на Гренел, исто така, ги елиминираше сите шанси да биде разгледан како опција за државен секретар и покрај тврдењата на неговите поддржувачи. Извештаите сугерираат дека дури и на политичарите тесно поврзани со Гренел им бил забранет пристапот до јавните билети за инаугурацијата, пишува новинарот.

Инаку, премиерот Мицкоски во објави на социјалните мрежи се пофали дека се сретнал со Ричард Гренел, на која средба се разговарало „за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.“
Мицкоски вели дека побарал поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.

Логично е да се постави прашањето дали премиерот Мицкоски знае со кого се среќава и дека ликот кој тој го претставува како клучен во американската политика е без безбедносен сертификат и под сомнение дека соработувал со непријателски држави на нашиот стратешки партнер?
Дали нашите безбедносни служби провериле и го известиле премиерот со кој сака да се сретне? Бидејќи не треба да се особено способни, треба само да прочитаат еден или два американски медиуми.
Дополнително, новинарот продолжув со објаснувањето за Гренел.
– Ричард Гренел (лево на сликата) одржа приватни состаноци со своите соработници во хотелот Трамп Интернационал додека Доналд Трамп полагаше заклетва како 47-ми претседател на Соединетите Држави. Меѓу оние кои се сретнаа со Гренел беше и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај (десно на сликата), кој сподели фотографија на интернет, навидум имплицирајќи дека присуствувал на претседателската инаугурација на Трамп. Сепак, на официјалната церемонија не присуствуваа ниту Гренел, ниту Харадинај. Подоцна, на Гренел му беше дозволено да присуствува на понатамошна забава, која неговите поддржувачи се обидоа да ја искористат како доказ за неговото присуство на инаугурацијата. Додека тој навистина присуствуваше на забавата, таа се случи по главниот настан, стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…