(Фото) Изгледа моќно: Ферари го претстави новиот болид
Италијанската екипа Ферари го претстави денеска својот нов болид „SF-23“ со кој ќе се обиде во новата сезона во Формула 1 да му биде конкурентен на Ред Бул.
Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело со концерт и во присуство на голем број навивачи на Ферари.
За Ферари во претстојната сезона ќе возат Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц, додека нов шеф на екипата е Фредерик Васер.
„Чувствувам дека сите се горди на сработеното и тоа е многу важно за мотивација на сите. Сезоната ќе биде долга, но мотивацијата е тука и таа е круцијална за перформансот“, рече Васер.
Следното појавување во јавноста новиот болид на Ферари ќе го има на претсезонските тестирања од 23 до 25 февруари во Бахреин.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.
Ферари последен пат ја освои титулата во конкуренција на конструктори во 2008, а една година претходно ја славеше последната титула во поединечна конкуренција кога триумфираше Финецот Кими Раиконен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…