Објавено на:

(Фото) И Шојгу оживеа: Специјалната операција продолжува додека не бидат остварени сите нејзини цели

t

Шојгу рече дека Москва ги следи изјавите на лидерите на земјите од НАТО за испорака на авиони и системи за противвоздушна одбрана на Украина и доколку тие планови се спроведат, ќе биде соодветно одговорено.

Во изминатите две недели во Украина беа уништени околу 600 платеници, повеќе од 500 ја напуштија земјата, вели рускиот министер за одбрана, додавајќи дека „за време на пролетното регрутирање во руските трупи ќе бидат испратени помалку млади луѓе отколку пред една година кога беа регрутирани 134,5 илјади“.

Специјалната воена операција ќе продолжи се додека не се постигнат зацртаните цели, рече Шојгу и потсети дека генерално главните задачи од првата етапа од специјалната операција се завршени, а вниманието може да се насочи кон главната цел – ослободувањето на Донбас.

Воздухопловните сили и воздушната одбрана на Украина беа практично уништени, нејзината морнарица престана да постои, сите формации на украинските копнени и воздушни сили претрпеа значителни загуби, рече министерот Шојгу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На јавна седница Врховен ќе одлучува за…

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна…

Русија ја отфрли жалбата на американскиот новинар…

Московски суд денеска ја отфрли жалбата на…

Уште еден западен воен брод се повлекува…

Уште еден воен брод на западната коалиција…

На денот на изборите ќе имаме сонце…

Променливо облачно со сончеви периоди и потопло.…

17 годишно дете од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП”,…

17-годишниот Индиец, Домарају Гукеш, ќе се бори…