(Фото) Кај си на базен? – Затворениците летово ќе уживаат бањајќи се во монтажен базен
Иако видни осуденици со скопска адреса ја сменија за да ги отслужуваат затворските казни во струшкиот затвор, преку промена на адресата во Охрид, изгледа дека ова лето најголема удобност и забава ќе има токму затворот во Тетово.
Имено, деновиве таму е инсталиран монтажен базен за разладување на затворениците, како дел од програмата за ресоцијализацијакоја се спроведува во оваа казнено-поправна установа. Целта е да се подобри нивната психичка и физичка состојба, велат од затворот.
Освен базенот од сезонски карактер, затворениците во тетовскиот затвор времето го поминуваат во реновирани затворски простории како спални со санитарни јазли, кујна, менза, но и светилиште, библиотека и берберница. Во затворот се реновирани и приемното и затвореното одделение, а целиот објект е дезинфициран.
Осудените лица кои казните ги отслужуваат во тетовскиот затвор, во рамки на програмата за ресоцијализација ќе може и да спортуваат, односно да играат фудбал, кошарка, шах. Како дел од забавните активности предвидени се концерти и гледање филмови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…