(Фото) Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба едни од општините со најзагаден воздух во Македонија! Инспекторите на Град Скопје на терен

t

Во низата секојдневни политички препукувања и циркузи приредени од “нашите политичари”, се чини јавноста заборава на нешто кое што директно влијае на нашите живот и здравје.

Квалитетот на воздухот е тема која моментално не е актуелна во јавноста, иако сите ние ги чувствуваме последиците од загадениот воздух.

Тетово, Гостивар, Кичево и Гевгелија вечерва се најзагадени општини во Македонија, покажуваат мерењата на квалитетот на воздухот.

Веднаш зад нив се и скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба, кои според мерењата се најопасни по здравјето на граѓаните.

Од Градот Скопје велат дека инспекторите се на терен и проверуваат евентуално горење на токсични материи и загадувачи на воздухот.

Квалитетот на воздухот во Скопје е значително подобрен во споредба со бројките од претходните години кога неретко Скопје беше на врвот на листата најзагадени градови во светот.

Како што во неколку наврати истакна градоначалничката на Скопје, Арсовска, чистењето на дивите депонии и неселективната работа и казнување на инспекторите на Град Скопје, во рамки на нивните ингеренции, придонело во подобрување на квалитетот на воздухот.

Како што може да забележите од мапите со податоци за квалитетот на воздухот, далеку од најзагадените општини не се ниту Струмица, Дојран, Кочани во истокот на државата.

Исто така големо е и загадувањето во Велес, Кавадарци и Битола.

Едни од најштетните последици од загадувањето на воздухот се кисели дождови, ефект на смог, истребување на разни видови растенија и животни, ефект на стаклена градина.. Кај човекот загадениот воздух може да предизвика проблеми со дишните патишта, особено кај лицата кои имаат болести на дишните патишта и белите дробови.

Загадувањето многу често е предизвикано од неправилното отстранување на цврст отпад, екскрети и токсични производи, заедно со фабрики и индустрии, пожариж, моторни возила, апарати за домаќинство, машини, алати и многу повеќе.

Загадувањето на воздухот е проблем на целата територија на Македонија, за кој надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање очигледно не презема некакви мерки, или барем не гледаме ефект од истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…