(Фото) Ковачевски и Пендаровски споделија фотографии од ручекот кај г.г. Стефан
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г.Стефан.
На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.
Фотографии од посетата на Фејсбук објави премерот Ковачевски кој напиша:
– Денеска присуствував на божиќниот ручек приреден од Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Во духот на овие празнични денови му посакав добро здравје и долговечност во успешното вршење на неговата должност.
Симболиката на Христовото раѓање е потсетување дека секој од нас како човек има духовна сила и е повикан низ практикувањето на разбирање, чесност, трпение, љубов, грижа, одлучност, сплотеност и вербата во мудроста, како врвни човекови вредности, да придонесува во заедничкото добро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…