(Фото) Ковачевски од Струга: Важно да се негува традицијата и културното наследство кое го имаме
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети црквата “Св. Ѓорѓи” во Струга од каде порача дека е важно да се негува традицијата и културното наследство.
– Денешната посета на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, еден од најстарите христијански верски објекти во градот, кој датира од средината на 13 век, беше огромна чест за мене.
Оваа црква е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа, со специфична архитектура, импресивен резбан иконостас изработен во духот на најубавите дела на мијачката копаничарска традиција, дом на една од најубавите и најстарите икони во светот „Св. Ѓорѓи“ заштитникот на Струга, центар на општествениот и верски живот на стружани.
Ние сме богата земја на многу начини, исклучително е важно да се негува традицијата и културното наследство кое го имаме, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…