(Фото) Ковачевски се сретна со младиот пливач Пејчиновски: “Личностите како Марко се за восхит”!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со младиот пливач Марко Пејчиновски и му го честитал последниот спортски успех, препливуањето на Охридското Езеро.
– Млад, храбар и талентиран е нашиот млад пливач Марко Пејчиновски. Денес му честитав за неговиот последен спортски успех – тој го преплива Охридското Езеро, цели 64 километри за помалку од 22 часа и подвигот го посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.
Ваквите гестови и личности како Марко се ретки и за восхит, и затоа денес ми беше чест и задоволство да му ја врачам одлуката за еднократна стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.
Владата преку Агенцијата за млади и спорт продолжува дa ги поддржува младите успешни спортисти и да вложува во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура согласно светските стандарди, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…