(Фото) Македонската нација не е хипотеза за докажување, туку жива аксиома: Францускиот предлог ја враќа Македонија пред 1947 година

t

Францускиот предлог ја враќа Македонија пред 1947 година

/Македонската нација не е хипотеза за докажување, туку жива аксиома/

Некој му го смести на мсје Макрон. И тоа до балчак. Доживува политички порази во серија. Најпрвин го порази Путин, и го стави “на дистанца“. Потоа изгуби дома на парламентарни избори(го изгуби мнозинството и оствари најслаб резултат во последните 30-40 години). Потоа го понижи Радев кој не му отиде на поклонение во Париз. И еве кругот на порази е затворен со т.н. “Француски предлог“ за решавање на спорот што Бугарија го има со Република Македонија.

Сега да објаснам зошто овој срамен предлог на Макрон е враќање во минатото на Македонија. Постои еден документ на Министерството на народна просвета одделение за проучување на учебното дело на Бугарија од 1947 г.Документот е заведен под Но. 423 од 22 11 1947г. А се однесува на Поправки во учебниците по историја во Бугарија.Во документот јасно се наведува дека со цел да се поправат и да се избегне секоја можност за великобугарски шовинизам, се прават следните поправки во учебниците по историја:

Во учебникот по историја за 3ти клас, на стр. 40 и 41 Самуиловата држава не треба да се претставува како“Западна Бугарија“. Треба да се истакне чисто словенскиот карактер и да се каже дека тоа е феудална држава, во која не може да има каква и да е национална свест. Особено е важна исправката дека Самоиловата држава е држава предимно на Македонските Словени. Многу јасно и воопшто недвосмислено.

Во учебниците пак за 7 клас се направени следните промени:

На стр. 34 треба да стои дека Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија, на чело со кнезот Пребонд е прв обид на Македонските Словени за создавање на државна организација.

На стр. 65 Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и книжевници.

На стр.80 се прават промени за Самоиловата држава, исто како и во учебникот за 3 клас.

На стр. 209 и 219 се прават промени за браќата Миладиновци и другите македонски учители и книжевници, во смисла дека не треба да бидат третирани како претставници на бугарската просвета. За Преродбата пак се кажува дека општите интереси на Бугарите и Македонците ја условуваат и нивната заедничка борба,. насочена против заедничкиот непријател фанариотите. Затоа, идни и исти книги и весници служат како идејни толкувачи на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци.

На стр. 296-297 текстот под наслов “Национално движење во Бугарија“, треба да се објасни во смисла дека “македонското движење“ за “ослободувањето“ на Македонија не било оформено и организирано движење, туку обична пројава на симпатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци.

На стр.424 се објаснува дека партизанскиот одред “Христо Ботев“ е формиран во гевгелиско од прогресивни бугарски војници, под водство на резервниот потпоручник Дичо Петров Таков и одредот дејствува заедно со македонските партизани против бугарските окупатори.

Документот е потпишан од Началник на одделението за проучување на учебното дело П.Заимов и Главен инспектор, Т.Влахов. Документот може да се најде во Архивот на Македонија во Фондот варија.

И сега, треба ли нешто да се дообјаснува. Не! Јасно е дека уште во 1947 г. Бугарија во својот образовен систем ја внела вистината за македонската историја, во врска со Самуиловата држава, вистината за кнезот Пребонт и државната организација што тој ја создал, вистината за браќата Миладиновци и сите други преродбеници, вистината за Преродбата, вистината во врска со карактерот на “македонското движење“ во Бугарија и вистината за партизанскиот одред “Христо Ботев“, што е и вистина за бугарските окупатори. Некој “паметен“, а всушност недоветен, сака овие факти, овие аргументи да ги поништи, и се да претстави како бугарско. Јок! Тао не бива. Нашата и светската научна јавност ја знаат историската вистина за Македонија и Македонците и за сета борба за нашите историски права за национална слобода, социјална правда и државност.

На Радев и дружината треба да им е јасно дека македонската нација не е хипотеза што има потреба од докажување. Напротив. Македонската нација е жива аксиома, во чија основа сејазикот, името, историјата, културата, Преродбата, Револуцијата и Државноста.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…