(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски, еден од осомничените за убиството на Денис Тот
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.
Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.
(Фото – Слободен печат)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведено лице барано со потерница за казна…
Денеска (05.08.2024) полициски службеници од Оперативен тим…
Криминалец баран со потерница е приведен на…
Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот…
Приведен арачиновец баран со потерница поради убиство…
Приведен е арачиновец баран со потерница за…
Приведен криминалец баран со потерница поради учество…
На 01.04.2024 во атар на с. Танушевци…
Приведен криминалец од Куманово баран со потерница
На 09.03.2024 полициски службеници од СВР Куманово…