(Фото) Нова надеж: Момче и девојче спасени по 150 часи под урнатините
Девојче е спасено од урнатините на зграда во провинцијата Хатај, дури 150 часа по земјотресот што во понеделникот го погоди јужниот дел на Турција, јавува Анадолија.
Турскиот министер за здравство Фахредин Коџа објави видео од девојче кое е извлечено живо од урнатините во спасувачка операција со порака: „Секогаш има надеж“.
Членовите на спасувачкиот тим го спасија девојчето од урнатините на зградата во Хатај, една од десетте провинции погодени од разорните земјотреси.
Спасувачите славеле откако девојчето било извлечено и спасено.
Добри вести доаѓаат и од градот Адијаман, во Кахраманарас, Турција, каде седумгодишно момче и 22-годишна девојка беа извлечени од урнатините во одделни спасувачки операции, дури 152 часа по земјотресот.
Момчето било спасено откако рано утрово спасувачките екипи откриле дека под урнатините на осумкатницата има живо лице. Потоа го слушнале гласот на детето и ја забрзале спасувачката операција.
По операцијата која траела околу седум часа, од под урнатините успеале да го спасат седумгодишното момче Хачи Ахмет.
Спасувачите славеа со голем ентузијазам откако момчето беше извлечено и спасено. Момчето по укажаната прва помош било пренесено во болница.
Девојката по име Рабија (22) била извлечена од под урнатините по осумчасовна спасувачка работа, по што била пренесена во болница.
Бројот на загинати во земјотресите на југот на Турција се искачи на 24.617, соопшти турскиот потпретседател Фуад Октај.
Повеќе од 86.000 луѓе беа евакуирани од подрачјата погодени од земјотресите во други делови на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…