Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора за справување со пожарите
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора за справување со пожарите во Македонија, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
– Деновиве, сите сме сведоци на екстремно високи температури, кои за жал предизвикаа пожари на неколку локации во државата.
Свесни за ризикот по животите на нашите сограѓани, нивните имоти, како и природата во овие области, итно стапивме во контакт со повеќе држави, од кои побаравме поддршка за справување со овој предизвик.
Наскоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. Упатувам огромна благодарност до колегите министри за надворешни работи на пријателските земји кои се одѕваа безрезервно на нашите повици за помош.
Правиме сè што е во наша моќ за што поскоро решавање на овој проблем. – објави Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…
Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…