(Фото) Полошкиот регион дише канцероген чад: Гори депонијата кај тетовска Волковија
Граѓаните од полошкиот регион за миг здивнаа од екстремно загадениот воздух, но депонијата кај тетовска Волковија каде вчера избувна пожар им го наруши мирот и здравјето на жителите од овој регион.
Здравствените работници велат дека од чадот од запалената депонија кој продира дури и во домовите на граѓаните, имаме акутно влошување на здравјето на ранливите категории граѓани оти при согорување на депонии се ослободуваат едни од најтоксичните материи.
На самата депонија попладнево пристигна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Вели дека гасењето со вода не помага. Решението го гледа во ископување на дупка на самата депонија и истурање на земја врз целиот смет, активности кои се веќе започнати.
„Во текот на вчерашниот ден се започнати активности односно депонијата се затрупува со земја, тие активности продолжија и денеска. Разговаравме со сопственикот на депонијата кој рече дека ќе смогне сили со механизација да ја затрупа депонијата, со цел да се спречи понатамошно чадење“, рече Стојанче Ангелов директор на ЦУК.
Се работи за депонија за која Владата има дадено дозвола за третирање на отпад во наредните 15 години. Се наоѓа во атарот на село Волковија на површина поголема од еден фудбалски стадион, цела опкружена со ниви.
Концесионерот вчера кажа дека некој намерно му ја запалил депонијата. Најпрвин како што рече некои бараки биле запалени каде имало поставено камери за да не се остави трага, а потоа и купиштата смет и тоа ноќеска еден час по полноќ, што остава простор дека пожарот е подметнат.
Од Општина Брвеница, велат дека за третирање на отпадот на самата депонија сопственикот има легална дозвола издадена од Министерство за животна средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…
Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…