(Фото) РЕКА ОД НАРОД: Прилепчани како никогаш досега на Голем петок масовно го посетија вековното светилиште
Православните христијани денеска го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.
Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил широко ги отворија портите и ги пречекаа своите сограѓани и гости од другите градови.

Вистинска река народ уште од утринските часови се слеа кон едно од најубавите светилишта во околината на Прилеп.
Инаку, празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.
За многу години!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…