(Фото) Ристовски до Бугарите: Добредојдовте, сега е наш ред европски да ве пречекаме!
Капитенот на фудблската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, поради повреда испадна од списокот на Благоја Милевски за последните два натпревари од Лигата на нации.
Искусниот десен бек не играше во Грузија, а нема да настапи ниту на вечерашното затворање на групната фаза против селекцијата на Бугарија. Во пресрет на дуелот на „Тодор Проески“ Ристовски на социјалните мрежи испрати порака до своите колеги од источниот сосед.

„Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ“, напиша Ристовски.
Дуелот меѓу Македонија и Бугарија ќе биде директна пресметка во битката за втората позиција на табелата, која што носи подобра позиција во ждрепката за квалификациите за Европско првенство.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…