(Фото) Северина ги пречека македонските фудбалери, еве што ѝ подарија тие

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска, каде што в понеделник во Ријека ќе се судри со селекцијата на оваа земја. Овој пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.

Македонските фудбалери пристигнаа во Ријека и таму имаа срдечен дочек од музичка ѕвезда. Стануваше збор за екстра популарната Северина Вучковиќ, која си доби и посебен подарок. За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а ѝ беа врачени од страна на Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

За време на викендот Благоја Милевски ќе ги свика фудбалерите на тренинзи пред натпреварот против една од најуспешните селекции во изминатата декада.
Средбата против Хрватска се игра в понеделник во 19:00 часот, додека потоа нашите фудбалери патуваат во Чешка за тестот против оваа селекција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лазаров: Холандија е репрезентација која ја краси…
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров уште еднаш направи ретроспектива…
Вучиќ за Северина: За неа мислам се…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во гостување…
(Фото) Северина ги пречека македонските фудбалери, еве…
Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска,…
Хрварски медиуми: Судот ѝ го врати синот…
Само дваесет дена по одлуката на Врховниот…
Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…
Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…