(Фото) Скопските пожарникари се на терен во Турција – Арсовска: Подготвени да помогнеме во секое време
Скопските пожарникари веќе се на терен во Турција, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови. Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.
Остануваме во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети! – напиша Арсовска на Фејсбук.







ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…