(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно Свиларе по децениско барање на граѓаните конечно доби водовод
Скопје влегува во 21 век, жителите на скопското село Горно Свиларе после неколку децении конечно добија водоводна мрежа во селото.
Градоначалничката на Град Скопје денеска заедно со градоначалникот на Општина Сарај и директорот на ЈП Паркови и зеленило го посети Горно Свиларе.

– Денеска заедно со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Зухејр Реџепи, го посетивме населеното место Горно Свиларе со цел увид на функционирање на водоснабдувањето, предизвик кој го решивме по децениско барање на жителите на ова место. По поставувањето на водомери, нови пумпи и по интервенцијата на ЈП Водовод и канализација Скопје, системот е во функција за што и самите граѓани изразија задоволство и благодарност. Исто така, имавме можност да ги слушнеме предизвиците со кои граѓаните се соочуваат секојдневно, како и предлози за изнаоѓање на соодветни решенија, напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…
Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…
Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…
Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…
Поради дефект МНР и зградата А1 без…
Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…
(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…
Скопје влегува во 21 век, жителите на…