(Фото) Спасовски присуствуваше на традиционалниот ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на Фејсбук објави дека денеска присуствувал на традиционалниот ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР.

– Денеска присуствував на традиционален ручек и дружење со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР, за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството на Пониква.

Ми претставува големо задоволство што ова дружење со децата на загинатите припадници на МВР прерасна во традиција на која имаме можност да се дружиме и разговараме за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во мене и раководството на МВР имаат искрени пријатели, заедно го продолжуваме партнерството и пријателството и го унапредуваме преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Им порачав дека како министер секогаш сум тука за нив – децата и семејствата на загинатите припадници на МВР, со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговорам на нивните барања и потреби. – напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…