(Фото) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ТАТКО СО ДЕТЕ ПОМЕЃУ С. ДРЕНОВО И КАВАДАРЦИ

t

Синоќа (02.09.2023) во 21.42 часот дежурен оператор на 112 во ЦУК добил повик од вознемирена мајка која известила дека и се јавил нејзиниот 8 годишен син и исплашено и кажал дека возилото кое било управувано од нејзиниот сопруг со кое тој со синот тргнал од с. Дреново кон Кавадарци, излетало надвор од патот, сопругот не бил свесен и од главата му течела крв а детето не можело да дише нормално, соопшти ЦУК.

Оператор од 112 на ЦУК итно стапил во контакт со детето кое од повредите чувствувало силни болки, било исплашено и шокирано. Истовремено втор оператор од 112 на ЦУК веднаш ги известил Итната медицинска помош, Полицијата и ТППЕ Кавадарци.

Заради подобра координација и пронаоѓање на излетаното возило била воспоставена конференциска врска помеѓу сите 4 служби, 112 на ЦУК, итната медицинска помош, МВР и ТППЕ Кавадарци.

Операторите од 112 на ЦУК може да го лоцираат точното место на несреќата само доколку повикот се добива од лице место но не и кога 112 бара лице кое се наоѓа на местото на несреќата. Затоа, во ваков случај се бара од лицето кое се наоѓа на местото на несреќата да се јави на 112. Со добивањето на повикот операторите на 112 во ЦУК истовремено ги гледаат и координатите од кои доаѓа повикот со што ја определуваат точната локација на повикувачот односно несреќата.

Во овој случај тоа не било можно бидејќи не можеле да воспостават ефективна комуникација со детето кое било преплашено и во шок, постојано ја барало мајка си повторувајќи дека татко му не дише и му тече крв од главата а и дека тоа самото не може да дише нормално.

Веднаш потоа локалните пожарникари од ТППЕ Кавадарци воспоставиле контакт со осумгодишното дете, тргнале во насока кон с. Дреново и набргу потоа успеале да го пронајдат оштетеното возило кое било излетано дваесетина метри надвор од патот.Веднаш по нив на местото на несреќата пристигнале и екипи на итната медицинска помош и полицијата. Повреденото дете и неговиот татко итно се префрлени во Општата болница во Кавадарци а поради сериозноста на повредите оттаму се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

Петков им изрази сочувство на роднините на…

„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…